На залиха
Sunshine Fiesta е дизајн кој шири вистинска позитивна енергија! Тропски овошја, сонца што те гледаат, пеперутки и шарени цвеќиња се мешаат во дезен што ги заробува сите погледи. Весело, смело и без правила. Како бескрајно попладне под сонцето, со вкус на одмор и желба за смеа. Нека започне фиестата!
Eddie Baehr е современ илустратор и дизајнер од Франција, познат по својот ведар и разигран ‘визуелен’ јазик. Неговото творештво е препознатливо по динамичните композиции, живите бои и хуморот што го внесува во секое дело. Еди успева да долови чиста радост и безгрижност, создавајќи светови полни со фантазија, симболи и неочекувани детали.
Инспириран од природата, поп културата и детската љубопитност, тој често комбинира тропски елементи, апстрактни форми и ликови со изрази кои „живеат“ на платното. Без разлика дали работи на модни дезени, пакувања, постери или канцелариски материјали, секој негов проект носи автентичност и нескротлива енергија.
Од неговото студио во срцето на Франција, Еди секојдневно создава нови универзуми каде боите говорат, формите танцуваат, а секој детал раскажува приказна.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Шишињата Cool Bottles™ од не’рѓосувачки челик се здрава и одржлива опција за да се одржуваме хидрирани. Нивниот издржлив дизајн без БПА ни обезбедува безбедно и еколошко искуство, па затоа, ајде да се грижиме за нашето здравје и за планетата со нашите еколошки шишиња!
Рецензии
Сеуште нема рецензии.